Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска на крајот од кампањата повика на масовна излезеност на жителите на Куманово на вториот круг од изборите в недела на 2 ноември.

„Ве повикувам да излезете во недела да го направите вистинскиот избор, бидејќи Куманово продолжува да се развива и да се гради. Куманово заслужува континуитет, Куманово не заслужува импровизација. Одам во текот на кампањата во селата, ми велат работиш во градот. Одам во градот, ми велат работиш во селата.

Одам кај моите Албанци, ми велат работиш кај Македонците. Одам кај моите Македонци и Срби, велат работиш само кај Албанците. Но едно е јасно, сите велат дека работам, а јас имам намера, заедно со вас, да продолжам да работам. Тоа го работев изминатите осум години, реализирав над 800 проекти и доколку ја добијам вашата поддршка во недела, ќе продолжам тој број на проекти, двојно да ги зголемам. Има проблеми во градот, ги имало. Моја работа ќе биде да го намалам тој број.

Затоа, бидејќи Ве сакам сите вас, го сакам нашиот град, Ве повикувам, излезете во недела масовно, дајте ја вашата поддршка за бројот два, за мене, за вашиот градоначалник Максим Димитриевски. Бидејќи и Куманово знае, но и Македонија знае“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков политички и вредносно се оддалечува од принципите и државотворната визија на ЗНАМ

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

Миле Цеков ја напушти ЗНАМ, пратеникот ќе дејствува независно

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

Мемов: Дали следниот чекор на СДСМ е напуштање на законодавниот дом, со крајна цел бојкот на следните Парламентарни избори

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“