Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Од:

По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено, порачува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.

– Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци, потенцира Мециновиќ.

Тој додава дека во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме.

– И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото, појаснува тој.

Би можело да ве интересира

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Левица: Инспекторите откриле профитерство, Мицкоски се одлучи за кафе во четири очи наместо казни

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот на Буџетот: Парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

За СДСМ и гласањето по пошта е можност за кражба, за Левица дијаспората е „промашена тема“

Левица: Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Партиите на олигархијата во заговор против Левица – да се зададе удар на оваа ламја која триесет години владее со нас

А1он