Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Од:

МВР извести дека вчера околу 19.30 часот полициски службеници го уапсија Б.Р. (59) од Скопје.

„Тој на 28.10.2025 околу 20.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со возило „фиат сеиченто“ удри во 11-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напушти местото на настанот. Во несреќата со тешки повреди се здоби малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и возачот и возилото се пронајдени. Осомничениот Б.Р. по наредба на јавен обвинител е задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница