Ванс: Нуклеарните тестови се клучни за безбедноста на Америка

Од:

Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од суштинско значење за одржување на националната безбедност, изјави денес американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на војската да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје за прв пат по 33 години.

„Важен дел од американската национална безбедност е да се осигураме дека нашиот нуклеарен арсенал всушност работи правилно“, изјави Венс пред новинарите пред Белата куќа, објави Ројтерс.

Венс додаде дека администрацијата знае дека постојниот арсенал „работи правилно“, но дека треба да се проверува и одржува со текот на времето.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа

Џеј Ди Венс го разоткри американскиот претседател: Трамп воведува ред, забрани кафеави чевли

Завршена првата рунда од разговорите меѓу Иран и САД во Швајцарија: Џеј-Ди Венс открива детали од разговорите

Горан Наумовски

Ванс: Голем напредок во преговорите за Иран и Либан во Швајцарија

Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија на клучни разговори со ирански претставници

Венс: Путин има силна поддршка од руските граѓани