Трамп: Украинската криза ќе биде решена

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е постигнато мирно решение меѓу Израел и Палестина, иако изгледало недостижно, и дека, според таа логика, ќе биде решена и украинската криза.

„Осум (конфликта решени) за осум месеци. Мислам дека наскоро ќе има уште еден. Мислев дека овој (за Украина) ќе биде еден од полесните. Кој би помислил дека ќе постигнеме мир на Блискиот Исток, но не и меѓу Русија и Украина. Мирот на Блискиот Исток се сметаше за невозможен“, рече Трамп за време на сесијата на самитот на АПЕК.

Трамп додаде дека очекува брзо решавање на украинскиот конфликт „поради неговиот однос со претседателот Путин“.

Би можело да ве интересира

Кличко: Киев остана без одбрана, немаме ресурси да ги запреме руските напади

Хамнеи: Ако Трамп е толку способен, нека ја води својата земја

Пахлави: Трамп е подготвен да им помогне на демонстрантите во Иран

Медиуми: Трамп се подготвува за воена интервенција во Иран

„Дејли меил“: Трамп им нареди на командантите на специјалните сили да развијат план за инвазија на Гренланд

САД ја отфрли идејата за операција за „фаќање“ на Путин