Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е единствената надеж за постигнување договор меѓу Русија и Украина.

„Мислам дека Трамп е единствената надеж за мир“, изјави Сијарто за белорускиот телевизиски канал „Први информатива“, пренесува „Спутник“.

Според Сијарто, западноевропските лидери намерно ги саботираат мировните иницијативи на Трамп и тој ги обвини за пропаѓањето на претходните мировни напори.

„Доколку европските лидери не го саботираа, тој веќе можеше да постигне успех“, рече Сијарто.

Унгарскиот министер рече дека политиката на ЕУ во корист на продолжување на војната во Украина е „самоубиствена“.

Би можело да ве интересира

Има загинати и повредени во новите напади во Русија и во Украина

Украински напад со беспилотни летала врз неколку руски региони, оддалечени 1.200 км од границата

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

(ВИДЕО) Tрамп вели дека ја завршил војната со Иран: Откриено е што е подготвен да потпише

Трамп најави воен напад и освојување на клучен ирански остров

Повредени се најмалку пет лица во рускиот напад врз Павлоград