Лавров: Европа се подготвува за војна

Од:

Рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров ја оцени состојбата на безбедносната архитектура во Евроазија на Меѓународната конференција за евроазиска безбедност во Минск, зборувајќи за „агресивните планови на Западот“, проширувањето на НАТО и решавањето на конфликтот во Украина.

Лавров предупреди дека Русија нема да дозволи Евроазија да стане „феуд на НАТО“, обвинувајќи ги западните земји дека „се подготвуваат за нова голема војна“, објави РИА Новости.

Тој оцени дека Алијансата „ги проширува своите активности кон Арктикот и Тихиот Океан“ со цел да ја ограничи Кина и да ја изолира Русија.

„Многу пати рековме дека никогаш немавме, ниту имаме намера да нападнеме која било сегашна членка на НАТО или ЕУ. Подготвени сме да ја вклучиме оваа позиција во идните безбедносни гаранции за овој дел од Евроазија, но лидерите на ЕУ избегнуваат да ги разгледуваат овие идни гаранции на вистински колективна основа“, рече Лавров.

Зборувајќи за новата безбедносна архитектура на Евроазија, Лавров повика на создавање „панконтинентална структура отворена за сите земји од регионот“, заснована на принципите на суверена еднаквост и неделивост на безбедноста.

„За разлика од Западот, Русија и нашите партнери – Кина, Индија, Иран, земјите од ЗНД – се убедени дека стабилноста и просперитетот бараат еднакви права за сите земји, а не доминација на привилегираните“ – рече Лавров.

Осврнувајќи се на конфликтот во Украина, рускиот министер ги обвини европските членки на НАТО за продолжување на војната со „пумпање оружје и пари за режимот во Киев“.

„Европските лидери прават сè за да го убедат Вашингтон да се откаже од решавањето на конфликтот на преговарачка маса“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп

А1он

Лавров: Планот на Трамп за Газа е најдобрата работа што моментно е на маса

А1он

Лавров: Секоја агресија врз нашата земја ќе биде дочекана со решителен одговор

А1он

Лавров: Не се планира средба Путин-Зеленски

Лавров: Сведочиме на враќање на нацизмот на Западот

Лавров во посета на Северна Кореја, ги затоплува односите Москва – Пјонгјанг

А1он