(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешните средби со граѓани од Лозово, порача дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за Лозово, Ацо Велковски, е човек кој со своите дела покажа како треба да се развива оваа општина. Филипче потсети дека Велковски во претходниот мандат од 2017 до 2021 година, реализираше проекти кои беа во интерес на граѓаните и напредокот на општината.

“Се изгради нова општинска зграда, градинка, реновирано е училиштето, паркот. Во тој период во Лозово имаше визија, имаше напредок и тоа граѓаните го чувствуваат. И затоа е Ацо повторно кандидат за градоначалник”, рече Филипче.

Од друга страна како што кажа Филипче, актуелниот градоначалник буквално ништо не презема за општината и за граѓаните.

“Нема никаква капитална инвестиција, нема продолжување на близу 50-тина проекти коишто во тоа време остана незавршени. Така што сум прилично сигурен дека граѓаните ќе можат да ја почувствуваат разликата, знаат што значи да имаат градоначалник кој работи отворено, транспарентно, кој ја унапредува општината, кој го прави животот полесен, попријатен и поубав. Тука каде што свое место наоѓаат младите, пензионерите, земјоделците, сите категории на граѓани кои живеат во оваа општина”, рече Филипче.

Тој додаде дека во општина Лозово, СДСМ во вториот круг, има поддршка и од коалициските партнери и од еден од независните кандидати, од првиот круг на изборите.

„Им благодарам за поддршката и мислам дека победата тука во Лозово е на дофат“ , рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?