Хаканен: За завршувањето на конфликтот во Украина треба „троен пристап“ кон Русија

Од:

Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави за британскиот Гардијан дека завршувањето на конфликтот во Украина бара „троен пристап“ кон Русија, што вклучува заострување на санкциите, значително зголемување на воената помош за Киев и користење оружје со долг дострел за уништување на фабриките за беспилотни летала и ракети на територијата на Руската Федерација.

Хаканен изјави дека Русија е „многу поотпорна отколку што се сметаше претходно“ и дека единствениот начин да се изврши вистински притисок е комбинација од економски, воени и технолошки мерки. Според него, Западот мора да покаже „стратешко трпение и решителност“, бидејќи, како што нагласи, ова е прашање на безбедност за цела Европа.

Според воените аналитичари, ставот на Хаканен е сигнал дека западните престолнини сè повеќе отворено разговараат за можноста за директни напади врз руската инфраструктура, што, како што беше предупредено, може да доведе до опасна ескалација на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година