ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

Од:

Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промени што му се потребни на главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата.

Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, поголема координација и побрза реализација на ветените проекти, изградба на нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и ефикасен јавен превоз.

Истовремено, резултатите од првиот круг покажаа дека СДС, со освоени околу 26.000 гласови, доживеа сериозен пад и дека граѓаните изгубија довербата во нивното раководство. Наместо да понудат решенија или аргументирана критика, тие продолжуваат по старата, погрешна насока.

Разликата е јасна, ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи чесно, одговорно и транспарентно, со реални и остварливи ветувања за подобро Скопје. На 2 ноември, изборот е едноставен, глас за Орце Ѓорѓиевски, глас за бројот 9, за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски