Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар

Од:

Кандидатот за градоначаланик на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ доби јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела во вториот круг на изборите.

Лабудовиќ денеска на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во ресторанот “Дејли“ во населбата Капиштец, заеднички констатираа дека на Центар и на Скопје им е потребна промена – нов ветар во грб, со нова визија кои ќе ги променат работите од темел и ќе ја водат општината и градот напред.

Премиерот Мицкоски ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани на Центар в недела да им дадат максимална поддршка на Мирослав Лабудовиќ и Орце Ѓорѓиевски – кои треба да ги донесат неопходните промени. А, тоа е пред се стоп на бруталната бетонизација во Центар која е отидена предалеку и на штета на сите жители во централната градска општина.

Мицкоски потенцираше дека мора да се подвлече линија која ќе прави јасна разлика меѓу криминалот што сега се случува и домаќинското и одговорно однесување и работење што ќе донесат со себе Ѓорѓиевски и Лабудовиќ по стапувањето на функциите.

Мирослав Лабудовиќ пак на премиерот Мицкоски и на Орце Ѓорѓиевски им посочил дека во првиот круг над 2/3 од излезените гласачи сакале промена и верува дека на крајот таа ќе се случи, Едноставно речено, 68 отсто од гласовите во првиот круг во Центар што не го поддржаа актуелниот градоначалник, се потенцијал кој би бил пресуден за победа во Центар, но и за уште поубедлив резултат во Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски