Денеска облаци и дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Денеска најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата.

Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“