Мицкоски: По 7 години грабеж и национално понижување од овие пред нас, ни требаше освежување и нова енергија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на денешниот настан во општина Демир Капија истакнувајќи дека кандидатката за градоначалник на општина Демир Капија, Наталија Димитриева со поддршката од граѓаните ќе има убедлива победа во вториот круг и општината ќе добие жена за градоначалник, за успех, напредок и реализација на многу проекти во Демир Капија.

„Би сакал да кажам дека Наталија направи исклучително добар резултат во првиот круг, убеден сум дека со вашата поддршка во вториот круг ќе имаме огромна историска предност и Демир Капија ќе ја добие својата жена за градоначалник. Мојата недвосмислена поддршка за Наталија, жена која е голем патриот, борец за својата Демир Капија и која инспирира со својата работа, сигурен сум дека заедно со Наталија ќе направиме уште многу добри проекти. Јасна е волјата на граѓаните во првиот круг на локалните избори. Имаме општина во која Владата има јасен, свој профилиран кандидат и имаме мнозинство во советот, сите предуслови за убедлива победа“, вели Мицкоски.

Мицкоски ја истакна важноста на поддршката од граѓаните, која мотивира, дава енергија и сила за нови успеси, притоа упати порака за масовна излезност на 2 ноември и заокружување на бројот 9 за Наталија Димитриева.

„Изминатите 16 месеци како Влада дадовме се од себе, за да можеме да испорачаме проект повеќе, за да испорачаме реформа повеќе за граѓаните, нешто што беше насушно потребно после 7 години стагнација и уназадување, после 7 години грабеж, национално понижување, пустош којшто овие пред нас го оставија во Македонија. Ни требаше освежување, со нова енергија со нова сила, таа енергија, таа сила, тие реформи, тој нов бран го понесе ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и благодарам за поддршката која цело време ни ја давате. Затоа на 2 ноември да излеземе масовно да го заокружиме бројот 9 за Наталија“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски