Путин: Самитот во Будимпешта е одложен, потребни се подготовки, aко Украина нè нападне со „томахавки“, одговорот на Русија ќе биде зачудувачки

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за време на неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, самитот во Будимпешта бил предложен од американската страна.

„Во нашиот последен телефонски разговор, и самиот состанок и неговата локација беа предложени од американската страна“, изјави Путин пред новинарите.

Како што нагласи Путин, станува збор за одложување на самитот во Будимпешта.

Таквиот самит бара подготовки, истакна претседателот.

Според рускиот лидер, дијалогот е секогаш подобар од продолжувањето на војната.

„Но, ниедна земја што се почитува себеси или луѓе што се почитуваат себеси никогаш не одлучуваат ништо под притисок“, нагласи рускиот претседател.

Путин ги нарече разговорите за можноста за испорака на ракетите Томахавк во Киев обид за ескалација.

„Одговорот на Русија во случај на ракетен напад Томахавк врз руска територија ќе биде сериозен, ако не и зачудувачки“, рече тој.

Би можело да ве интересира

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Зеленски: Постои огромна шанса за мир доколку САД навистина извршат притисок врз Путин

Трамп се соочува со тешка одлука

Трамп: Ќе биде тешко да се постигне договор за ограничување на нуклеарното вооружување

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и им испратил остра порака: „Путин е сериозен за мирот“

Трамп откри што го налутило Путин: Рускиот лидер бесен на Зеленски по нападот врз Кримскиот мост