Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Од:

Градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција информираше дека Штабот за заштита и спасување донел итни одлуки за справување со кризата со сметот, а како една од тие заклучоци е спроведување на итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките на територија на Општина Центар.

„Ќе одржам средба со директорите на сите училишта и градинки во Центар, со цел да се координираме за безбедноста на децата. Ќе побарам викендов итна дератизација и дезинфекција во училиштата и градинките, како и мапирање на кризни точки во близина на училиштата. Мора да се спречи сметот да се трупа во близина каде престојуваат нашите деца“, рече Герасимовски.

Тој, потенцираше дека општината врши вонредна дератизација.

„Во сите 1980 шахти се фрла серитифициран препарат. Но потребно е да се спроведе дератизација и во сите згради. Општината ќе организира средба со сите управители на згради и куќни совети. На секое домаќинство ќе му бидат доделени големи, бесплатни кеси за отпад кои добро се затвораат и потешко се кинат. Секој влез ќе биде задолжен да направи дератизација. Испраќам отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика. Ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност“, истакна Герасимовски.

Герасимовски, испрати отворен повик до сите компании да помогнат со механизација, камиони и логистика, посочувајќи дека ова е момент кога треба да покажеме општествена одговорност и солидарност.

„Општинската инспекција ќе биде постојано на терен, со задача да врши контрола на несовесно фрлање на ѓубре од градилишта, дуќани и фирми. Казните ќе бидат ригорозни за секое несовесно однесување. Засилена дератизација и дезинфекција ќе спроведеме на сите јавни површини, паркови и подрумски простории“, порача Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиеничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа

Горан Наумовски

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

Герасимовски: Овој ден е важен, затоа што со секој глас се гради демократијата и иднината на Општина Центар

Горан Наумовски

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Герасимовски: Заокружи го бројот 5 во недела, за континуитет, стабилност и развој на Центар

Герасимовски: Поддржуваме над 50 граѓански организации, и во следниот мандат граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата