Синот на легендарен англиски фудбалер загина во сообраќајка со трактор

Од:

Синот на легендарниот англиски фудбалер – Стјуарт Пирс (63) денеска го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, објавија медиумите на Островот.

Харли Пирс(21) загина откако ја изгуби контролата врз тракторот, за кој се верува дека се преврте поради дупната гума, на селски пат во близина на семејната куќа во Витшир.

Тракторот заврши покрај патот, а младиот Харли претрпе смртоносни повреди. Докторите кои дојдоа со амбулантно возило можеа само да констатираат смрт.

За време на својата играчка кариера, Стјуарт Пирс ги носеше дресот на Манчестер Сити, Вест Хем, Њукасл и Нотингем Форест.

Како тренер, тој ги водеше Нотингем Форест и Манчестер Сити, беше селектор на младинската и сениорската репрезентација на Англија и помошник на Фабио Капела во тренерскиот штаб на Вест Хем.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски