Нетанјаху нареди воен напад врз цели на Хамас во Газа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносните сили да преземат „решителни мерки“ против терористичките цели во Појасот Газа, по денешниот напад на Хамас врз израелските трупи, објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на официјално соопштение од кабинетот на премиерот.

Нетанјаху наводно ја донел одлуката на итен состанок со министерот за одбрана Израел Кац и директорите на разузнавачките служби Шин Бет и Мосад. Премиерот нагласил дека „Израел нема да толерира напади врз своите сили и граѓани“, додавајќи дека на секој напад врз војниците ќе биде „силно и веднаш одговорено“.

Според ИДФ, палестинските милитанти отвориле оган со ракетни гранати и снајперски пушки врз израелските сили што дејствуваат во близина на градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелските воздухопловни сили потоа извршиле серија воздушни напади врз неколку локации за кои се сомневало дека се поврзани со Хамас.

Од друга страна, военото крило на Хамас ги отфрли обвинувањата за кршење на прекинот на огнот, тврдејќи дека „врските на движењето со групите што дејствуваат во Рафа не постојат од март минатата година“.

За потсетување, американскиот Стејт департмент вчера предупреди дека може да има „непосредно кршење на прекинот на огнот во Газа“, за што, како што е наведено, е одговорен Хамас.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски

Најмалку двајца Палестинци се повредени во нови израелски напади врз Појасот Газа