(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Од:

Денеска е, би рекол ете, ден кога се одржува првиот круг гласање за локалните избори. Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

(ВИДЕО) Мицкоски: Без квалитетно образование нема модерна држава

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ