„Ел Паис“: Средбата Путин-Трамп во Будимпешта е „кошмар“ за Брисел

Од:

Претстојната средба меѓу рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи во Будимпешта, шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на неколку извори во ЕУ, ја нарекува „политички кошмар“ за земјите од Европската Унија.

„Неколку извори приватно зборуваат за „политички кошмар“ за заедницата“, се наведува во статијата.

Самиот факт дека средбата меѓу Путин и Трамп ќе се одржи во Унгарија е „навреда за Европа“ и ги става останатите лидери на ЕУ, највисокото раководство на заедницата и НАТО во „непријатна и срамна позиција“.

Путин и Трамп разговараа по телефон на 16 октомври, а по разговорот, американскиот претседател објави дека ќе се сретне со рускиот лидер во Унгарија во рок од две недели.

Пензионираниот потполковник на американската армија, Даниел Дејвис, изрази мислење дека веста за претстојната средба меѓу Путин и Трамп го шокирала Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Се скараа Мелони и Трамп: Ми беше жал за неа

Зеленски: „Ако гори Украина, ќе гори и Москва“

Горан Наумовски

Венс: Путин има силна поддршка од руските граѓани

Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Војниците го одлучуваат исходот во Украина

Горан Наумовски

Трамп: Иран се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје