Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Од:

Почна гласањето на болни и немоќни лица во Општина Штип, каде право на глас на локалните избори имаат 152 болни и немоќни лица. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип, Виктор Вацев изјави дека по 10 часот почна подигнувањето на избирачкиот материјал од страна на Избирачките одбори, кои имаат пријавено болни и немоќни лица, а кои своето право на глас го исполнуваат денеска, ден пред одржувањето на локалните избори.

– Согласно роковникот на ДИК пријавувањето за гласање во домашни услови беше до 10.10.2025 година. Имаше поднесено 152 пријави и сите 152 пријави беа прифатени, изјави Вацев.

Ленка Божанова втора година по ред гласа во домашни услови заради нејзината здравствена состојба. Таа вели претходно своето право на глас го остварувала постојано на избирачкото место. Децидна дека треба да се гласа, и очекува подобрување во своето место на живеење.

Претседателката на ИО 2260 во Општина Штип, Билјана Патраклиева вели гласањето е тајно, согласно правилата на ДИК.

-Вкупно граѓани за гласање имаме 673, а денес правото на глас го остваруваат болните вкупно девет на број, се се одвива во најдобар ред, според правилата на ДИК, рече Петраклиева.

Според податоците на ДИК вкупно 8 851 болни или немоќни граѓани ќе го остварат своето избирачко право во текот на денешниот ден, како и 442 лица во старските домови на територија на цела држава.

Би можело да ве интересира

Во четири општини почна изборната кампања за гласањето за градоначалник на повторените избори на 11 јануари

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…