Министерството за култура го избра најповолниот изведувач за изградбата на Универзалната сала во Скопје

Од:

Министерството за култура и туризам информира дека е завршена постапката за избор на изведувач за реализација на проектот за реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје. Денес е донесена Одлука за избор на најповолен понудувач по јавната набавка за „Изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип на изградба Клуч на рака“.

По завршување на законските рокови за доделување на договорот, како што се наведува во соопштението од Министерството за култура и туризам, ќе биде потпишан договорот за изведба, а по исполнување на сите потребни предуслови за почеток на градба и воведување на изведувачот во работа, ќе следи официјалното започнување на градежните активности.

Рокот за реализација на проектот е предвиден до декември 2027 година. Набавката се реализира по принципот Клуч на рака, што значи дека во предвидениот рок објектот ќе биде целосно изграден, уреден и подготвен за користење, односно за одржување на концерти, настани и други културни содржини.

Од Министерството за култура и туризам потсетуваат дека по преземањето на објектот на Универзална сала од Градот Скопје, а особено по настанатиот пожар, Министерството спровело низа активности со цел успешна реализација на проектот за нејзина реконструкција.

Како дел од овие активности, Министерството преку измени и дополнувања на проектната документација преземена од Градот Скопје, обезбедило целосно нова проектна документација на ниво на основен проект за реконструкција на Универзална сала.

-Овој проект беше претставен пред македонската јавност, а со неговата реализација ќе се зачува споменот и колективната меморија за објектот, а воедно ќе му се даде и нов, современ и повеќенаменски карактер, велат од Министерството за култура и туризам.

Манифестацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ покрај во останатите објекти од областа на културата во градот ќе се одвива и во обновената Универзална сала, која повторно ќе стане едно од омилените места за културни настани и собири на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Новата Универзална сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта

Горан Наумовски

Љутков: Отворањето на Универзална сала треба да биде до крајот на 2027, за изградбата обезбедени 20 милиони евра

А1он

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

A1on

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

A1on