Зеленски: Најтешкото прашање за време на мировниот процес ќе биде прашањето за територијата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на брифингот за медиумите по разговорите во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најтешкото прашање за време на мировниот процес за Украина ќе биде прашањето за територијата, но нагласи дека прво мора да се постигне прекин на огнот.

– Нашиот став е прво да се постигне прекин на огнот за да можеме да седнеме на преговарачката маса, да разговараме, да ги разбереме нашите позиции. Мислам дека ова е многу важен прв чекор, рече Зеленски, додавајќи дека американскиот претседател ја разбира оваа позиција.

Украинските медиуми објавија дека за време на средбата меѓу Трамп и Зеленски, клучното прашање биле начините за вршење притисок врз Русија со цел да се постигне мир.

Пред средбата со Зеленски, Трамп разговарал со рускиот лидер Владимир Путин и оценил дека разговорот бил „многу продуктивен“.

Трамп рече дека ќе се сретне со Путин во Будимпешта за да разговара за „можноста за завршување на неславната војна меѓу Русија и Украина“.

Би можело да ве интересира

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск