Трамп: Доста е со крвопролевањето, двајцата нека прогласат победа и нека одлучи историјата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски била „многу интересна и срдечна“.

Трамп изјави дека му рекол на Зеленски, како што претходно му рекол на Владимир Путин, дека е „време да се запре убивањето и да се постигне договор“.

„Доста е со крвопролевањето. Треба да престане таму каде што е. Двајцата нека прогласат победа и нека одлучи историјата! Крај на пукањето, крај на смртните случаи, крај на огромните и неодржливи трошоци. Ова е војна што никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател“, напиша Трамп.

„Илјадници луѓе се убиваат секоја недела – доста, вратете се кај вашите семејства во мир!“, рече американскиот претседател.

Трамп замина за Флорида по средбата и не им се обрати на новинарите. Тој отиде во своето приватно одморалиште, каде што ќе го помине викендот.

Би можело да ве интересира

Се скараа Мелони и Трамп: Ми беше жал за неа

Зеленски: „Ако гори Украина, ќе гори и Москва“

Горан Наумовски

Венс: Путин има силна поддршка од руските граѓани

Пројде рокот на лиценцата за руската нафта, Трамп најавува нови санкции

Захарова: Зеленски мисли дека е центар на западниот политички свет

Војниците го одлучуваат исходот во Украина

Горан Наумовски