Британскиот крал Чарлс III и поглаварот на Католичката црква Лав XIV ќе се молат во Систинската капела следната недела, што ќе биде првпат папата и британскиот крал да го сторат тоа заедно од Реформацијата во 16 век, објавува „Би-Би-Си“.
Историскиот момент ќе се случи следната недела, за време на државната посета на кралот Чарлс и кралицата Камила на Ватикан.
Под покривот на Систинската капела, насликана од Микеланџело, ќе се соберат свештенството и хоровите на Римокатоличката црква и Англиканската црква, чиј поглавар е британскиот крал.
Посетата се сметаше за важен симбол на помирување, според Би-Би-Си, додавајќи дека државната посета на Ватикан е одложена поради здравствената состојба на претходниот папа Франциск.
За време на државната посета на 22 и 23 октомври, ќе има состаноци и служби за да се истакнат добрите односи меѓу Англиканската црква и Католичката црква.
Според извори во Бакингемската палата и Англиканската црква, немало сличен момент во кој британски монарх и папа се молеле заедно, на заедничка црковна служба, откако Хенри VIII се отцепил од Рим во 16 век.