Трамп: Се среќавам со Путин за две недели

Од:

„Не знам дали некој претседател некогаш спречил војна? Дали Буш спречил војна? Дали Бајден? Не, Бајден ги започна затоа што е будала. Јас спречив осум, ова ќе биде деветта. Путин и јас ќе се сретнеме некаде во следните две недели“, рече Трамп.

„Прво ќе се сретнат Марко Рубио и Сергеј Лавров, а потоа Путин и јас. Да, ќе се сретнеме во Будимпешта кај Виктор Орбан. Утре кога ќе дојде Зеленски, ќе му кажам сè за мојот разговор со Путин денес“, рече Трамп.

Трамп потоа зборуваше за односот меѓу Путин и Зеленски.

„Имаме проблем, тие не се сложуваат“, рече тој, објаснувајќи зошто ќе се сретне со нив одделно. Тие имаат катастрофален однос“, додаде американскиот претседател.

Трамп потоа рече дека мисли дека завршувањето на војната во Украина ќе биде полесно поради, како што рече, „неговиот добар однос со Путин“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Седум сојузни американски држави го тужат Трамп

ВИДЕО: Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија планира рекордни 202,6 милијарди долари за одбрана во 2027