Ѓорѓиевска: СДСМ и Мартин Костовски во очајнички обид да се спасат од агонија, измислуваат физички напад

Од:

СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски, остро ја демантираше изјавата на кандидатот за градоначалник на СДСМ – за наводен физички напад врз активисти на социјалдемократите, носеителката на советничка листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска.

„Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано.
Ова се очајнички обиди а СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста. Таквите очајнички чекори се резултат на агонијата во која се наоѓаат како последица на анкетите направени во предизборието кои велат дека ги очекува убедлив пораз. Поточно, убедлива победа на Движењето ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски“ потенцираше Ѓорѓиевска.

Ние, рече таа, немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. „А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа. Победа за КУМАНОВО ДА ПРОДОЛЖИ ДА СЕ МЕНУВА“, посочи Ивана Ѓорѓиевска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лабудовиќ: Не ветувам чуда – ветувам знаење, посветеност и одговорност

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

Александра Цветановска: Центар што се грижи, прифаќа и создава можности за сите

Лабудовиќ: Во секое училиште и градинка ќе обезбедиме здрав, топол и квалитетен оброк за секое дете

А1он

Ѓорѓевиќ: Куманово е град каде секој чекор води кон еднаквост

ЗНАМ: Герасимовски се фали по медиуми, дека двојно ќе го зголеми буџетот за култура

Горан Наумовски