(ВИДЕО) Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Од:

актуелниот градоначалник, неговиот тим и градоначалничката на град скопје која претходните локални избори ја шетаа по нашата општина и ја претставуваа како најдобрата менаџерка, четири години не успеаја да најдат начин да го продолжат континуитетот на општинското комунално претпријатие и КХС да се справат со сметот во општината. Денес, службите се во целосен колапс, а комуналното претпријатие не може да се справи со огромните количини отпад кои ја дават Гази Баба, изјави Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба.

„Затоа најавувам дека овој хаос по 19 октомври ќе биде решен уште во првите 30 дена. Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии на своја територија. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално.

Разликата ќе ја почувствуваат сите граѓани – по чистите улици, уредените маала и зелени површини. Затоа што сите ние се бориме за нашиот дом. На 19 октомври да покажеме дека ни е доста од депонии, неуредност и хаос. Време е за зелена, чиста и модерна Гази Баба, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ова се избори кога триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени

Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба

Голем пожар во Парк шумата Гази Баба блиску до Природно математичкиот факултет

Горан Наумовски

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Стефковски со закана до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром