Фицо: Не сум заинтересиран за нови санкции кон Русија сè додека ЕУ не ги реши своите економски проблеми

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес, по телефонскиот разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека „не е заинтересиран“ за воведување нови санкции против Русија и нагласи дека Европската унија првенствено треба да го реши проблемот со цените на енергијата и неконкурентната економија.

„Сè повеќе сум убеден дека со постојаните дискусии за Украина, ЕУ ја прикрива сопствената неспособност да се соочи со клучните предизвици и проблеми“, напиша Фицо на социјалната мрежа X.

Како што изјави, за време на разговорот со Кошта, тој го изрази своето „чудење“ што војната во Украина се третира како „приоритетна тема“ на претстојниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел, објави Еурактив.

Би можело да ве интересира

Фицо алармира: Самоубиствените политики ја загрозуваат Европа

Фицо: Русија ќе биде „апсолутен победник“

А1он

Напаѓачот на Роберт Фицо осуден на 21 година затвор за тероризам

Фицо со Зеленски: Различните политички ставови можат да бидат надминати преку суштината на соработката

А1он

Нов конфликт меѓу Роберт Фицo и Киев: „Украина ќе страда“

А1он

Фицо: Русија воено доминира на територијата на Украина

А1он