(ВИДЕО) Автобус удри во станица полна со луѓе: Има многу повредени

Од:

Неколку лица беа повредени во Истанбул кога градски автобус се удри во станица полна со патници.

Пред да удри во станицата, автобусот удрил во паркирано такси и камион, а потоа возилото директно се удрило во станицата каде што многу луѓе чекале превоз.

Бројни екипи на противпожарна и брза помош се на местото на настанот, кои им помагаат на повредените и ги транспортираат до најблиските болници.

Автобусот бил полн со патници во моментот на несреќата.

„Автобусот бил тешко оштетен, бил полн со патници кога се удрил во станицата. Ова е сериозна несреќа, има многу повредени, точниот број сè уште е непознат“, соопштија властите.

Во моментов не е познато како се случила несреќата.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Квартетот „Стрингендо“ со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независна Македонија

А1он

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Се судрија два брода близу Истанбул, се трага по екипажoт на еден од бродовите