Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Од:

Предложените закони за Јавното обвинителство и за Советот на јавни обвинители и покрај неколку недостатоци, содржат многу позитивни карактеристики – нови или преземени од законите што се во сила, се наведува во заедничкото мислење на Венецијанската комисија и Генералниот директорат за човекови права и владеење на правото (ДГИ) на Советот на Европа по двата предлог законски текста на македонската Влада.

Во мислењето се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител, како и тој да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието.

– Со оглед на важноста на овие прашања за автономијата и релативната независност на Јавното обвинителство, Венецијанската комисија препорачува во контекст на идната уставна реформа, Уставот да се измени и по овие точки, се наведува во документот.

Во однос на Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, во мислењето се препорачува да се преиспита времетраењето на професионалното искуство на сите членови-поротници на Советот, како и да се обезбеди алтернатива на начинот на кој се избираат четирите членови поротници, со што ќе се обезбеди избор базиран на заслугите и интегритетот на кандидатите, како и разновидна застапеност.

Венецијанската комисија предлага и функцијата на обвинителите избрани за членови на Советот на јавни обвинители да биде суспендирана за време траењето на нивниот мандат во Советот.

– Да се разјаснат концептите „влијае врз автономијата на јавните обвинители“ или „ги занемарува или не ги извршува своите функции и должности во работата на Советот“ како основа за разрешување на членовите на Советот на јавни обвинители, се вели во препораките.

Би можело да ве интересира

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

А1он

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

Мицкоски: По изборот на јавниот обвинител ќе се активираат многу предмети

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Досега четворица пријавени за Државен јавен обвинител, огласот се затвора на полноќ

Горан Наумовски

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски