Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција, со кристално јасна заложба за потребата од проширување на ЕУ. Тоа не го прави само во рамки на Вишеградската група, туку и со активното учество во групата „Пријатели на Западен Балкан“ и со денешната средба, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзниот словачки колега Петер Пелегрини.
Овајцата делиме став дека проширувањето мора да се темели на Копенхашки критериуми од кои, како што рече, не треба да бегаме. – Значи да е засновано на заслуги и да е засновано на резултати, да не зависи од дополнителни ирационални политички условувања кои на некој начин го узурпираат процесот на евроинтеграцијата, рече Сиљановска-Давкова.
Претседателката Сиљановска-Давкова рече дека нашата надворешна и безбедносна политика, а тоа, како што рече, го знаат сите членки на ЕУ и сите институции и нивни функционери во ЕУ, е целосно усогласена со онаа на ЕУ.
– Ние продолжуваме активно да придонесуваме за колективната и за регионалната безбедност бидејќи таа безбедност е и наша безбедност, потенцира претседателката. Порача дека е потребна поголема соработка, меѓусебна доверба, солидарност, не само во ЕУ и НАТО, туку и во рамки на Обединетите нации.
Денешната средба, како што рече, е потврда дека има одлични билатерални односи меѓу Македонија и Словачка како израз на зеадничката волја и решеност за продлабочување во иднина.
– Политичките односи беа и денес ги оценивме како исклучително добри. Посакувам подобра економска соработка, но за таа цел го поздравувам потпишувањето на Меморандумот за економска соработка и очекувам да отвори нови можности за проекти, инвестиции и за бизнис партнерства, рече Сиљановска-Давкова.
– Со Словачка не врзуваат заедничкото наследство на светите браќа Кирил и Методиј, блиски култури односи, сестрано и долготрајно пријателство, потенцира претседателката.
Посочи дека верува во културна дипломатија и додаде дека ја цени заинтересираноста на словачката академска јавност за македонски јазик и култура.
– Таа е толку јасно изразена со објавувањето на првиот учебник по македонски јазик за Словаците и повторното воведување настава на македонски јазик на Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра, каде исто така денес успешно функционира Лекторатот за македонски јазик. Тоа е за огромна почит, истакна Сиљановска-Давкова. Потсети дека летово како покровителка на СВП се сретнала со словачкиот поет Иван Штрпка, добитник на годинашниот „Златен венец“.