Пинтоска: Оваа депонија е струшкиот Чернобил

Од:

Левица уште еднаш, овој пат преку кандидатката за советник Елизабета Пинтоска, реагира за дивата депонија која се наоѓа во струшкото поле само на 500 метри од куќите и во непосредна близина на Црн Дрим, а која во овој предизборен период скоро секој ден е запалена.

„Колку уште ќе молчиме? Колку уште ќе чекаме некој надлежен да се сети дека струшката депонија со децении не труе и убива? Секој што живее во овој град знае – Струга се гуши во ѓубре. Но вистинското ѓубре не е само на депонијата. Вистинското ѓубре е во системот што ја дозволи, што ја игнорира, и што ја толерира“, вели Пинтоска.

Во своето обраќање Пинтоска вели дека ова е резултат на бипартизмот кој системски убива со криминал и корупција.

„Ова што го гледаме таму – тоа не е депонија. Тоа е отворена рана. Тоа е екоцид. Тоа е струшкиот Чернобил. И тоа е политички криминал! Левица изникна од револтот кон овој трул систем и ние покажавме дека борбата не е залудна. Ние покажавме дека борбата треба да се води за принципи – а не за фотејли“, вели таа.

Како кандидат за советник Пинтоска вели дека се борам за: итно затворање на постојната дива депонија, расчистување со криминалот и одговорност за системското труење на стружани и еколошки и одржливи решенија за реупотреба на отпадот што значи компостари за биоотпад од затворен тип во секое маало што ќе бидат достапни за секое домаќинство (60% до 80% од вкупниот комунален отпад во Македонија е органски односно биоотпад и истиот може да биде реупотребен), изградба на капацитети за механичка обработка на градежниот шут во репроматеријал и селектирање на пластика и извоз надвор во земји кои ќе може да се справат со тој отпад на најбезболен начин.

„Има начин, има ресурси, само треба волја. На 19 октомври избери промена, а не замена! Заокружи број 6!“, завршува Пинтоска.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Јанчев од Левица за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски

Предраг Петровиќ

ЕСМ е во колапс – Узунчев бара кризна состојба за да го покрие хаосот во претпријатието

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Ќе доставиме докази до ДКСК за Томовски и фирмата „Сити Аутсорсинг”

(ВИДЕО) Костовски: „Зимзоленд“ продолжува да работи и покрај утврдените неправилности и опасност по безбедноста

Левица: Ѓорѓиевски продолжува со скандалозни назначувања – партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошка