Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење

Од:

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, денешните средби со граѓани во рамки на предизборната кампања ги заврши во Штип. Претходно, во текот на денешниот ден оствари средби со граѓани во Свети Николе и Кочани. И во Штип Левица наиде на топол и срдечен прием од граѓаните кои по секои средби лице в лице се се’ поотворени и подоверливи кон партијата. Од средбите, како што велат носителот на листа Ангеле Михајловски и кандидатите за советници, може да се забележи дека Левица ја стекнала довербата на народот, а народот бара промени.

На средбата Михајловски истакна дека континуитетот на Левица во рамки на штипскиот совет продолжува и во новиот мандат. „Ако пред четири години нашата идеја беше да влеземе во институциите на системот, сега, после четири години, нашата цел е многу повисока. После 19 октомври очекуваме многу поголем број на советници кои уште пожестоко ќе се борат за остварување на заедничките интереси на жителите на Штип, но и смело ќе се спротивставуваат на неразумните и штетни политики на локалната власт“.

Претставувајќи ја изборната програма истакна дека главниот акцент во наредните четири години е: модернизација на занималните во градинките и училниците во општинските основни училишта во Штип, изградба на Домот за лицата од третата доба, како и Центар за рехабилитација на лица со попреченост, институционално решавање на сообраќајниот метеж со изградба на најмалку две општински катни гаражи во централното градско подрачје кои би ги опслужиле сите возила од двете главни сообраќајници покрај река Отиња, изградба на функционален и безбеден кружен тек на спојот помеѓу населбите Балканска и Чардаклија, како и кружен тек на местото на нефункционалните семафори во населбата Сењак и продолжување на пешачката и велосипедска патека од населбата Балканска до Стар Караорман.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

ВРЕДИ: Со обединувањето во единствен политички субјект ја зацврстуваме позицијата на политичката сцена

Предраг Петровиќ

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он

Судот во Охрид го врати детето на мајката Невена Спасеска, дали битолска апелација ќе се врати на правдата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите