Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, беше прашан од новинарите дали може да има предвремени парламентарни избори по локалните избори.

Тој јасно изјави дека нивниот фокус останува на локалните избори и дека сите шпекулации за предвремени парламентарни избори се неосновани, се вели во соопштението на ВЛЕН.

„Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе одиме на парламентарни избори. Мислам дека кога овие луѓе од АКИ ќе ги видат резултатите од локалните избори, ќе заборават на парламентарните избори. Значи, сега сме фокусирани на локалните избори, Владата има легитимитет, има бројки, има задачи пред себе, има програма пред себе и нема потреба да правиме дополнителни трошоци за предвремени парламентарни избори. Изборите ќе бидат регуларни кога ќе бидат закажани“, рече Меџити.

Неговата изјава доаѓа во време кога шпекулациите за предвремени парламентарни избори беа тема на дискусија во јавноста, но Меџити подвлече дека приоритет останува конкретната работа за граѓаните и исполнувањето на сите обврски преземени кон нив.

Би можело да ве интересира

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Работната група за реформи во изборното законодавство ја одржа осмата седница, разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“, велат од Министерството за правда