Преполниот олимписки стадион во Лондон во саботната вечер беше како од бајките за навивачите, домашните атлетичари освоија дури три златни медали, а возбудливо беше и во спринтерската трка на 100 метри во женска конкуренција, каде доминираа атлетичарките од Јамајка со триумфот на ШелиЕн Фрејзер Прајс.
Седмобојката Џесика Енис, Мо Фарах на 10 километри и Грег Ратерфорд во скок во далечина ги израдуваа домашните навивачи со златни медали.
Резултати од 6 атлетски финалиња:
Седмобој, жени:
1. Џесика Енис (Велика Британија) 6955 бодови
2. Лили Шварцкоф (Германија) 6649
3. Татјана Чернова (Русија) 6628
10.000 метри, мажи:
1. Мохамед Фарах (Велика Британија) 27:30.42 минути
2. Гејлен Руп (САД) 27:30.90
3. Тарику Бекеле (Етиопија) 27:31.43
100 метри, жени:
1. Шели-Ен Фрејзер-Прајс (Јамајка) 10.75 секунди
2. Кармелита Џетер (САД) 10.78
3. Вероникаа Кемпел -Браун (Јамајка) 10.81
Скок во далечина, мажи:
1. Грег Ратерфорд (Велика Британија) 8,31 метри
2. Мичел Ват (Австралија) 8,16
3. Вил Клеј (САД) 8,12
Брзо одење, 20 км, мажи:
1. Динг Чен (Кина) 1:18:46 час – олимписки рекорд
2. Ерик Барондо (Гватемала) 1:18:57
3. Жен Ванг (Кина) 1:19:25
Фрлање диск, жени:
1. Сандра Перковиќ (Хрватска) 69, 11 метри
2. Дарја Пишхалникова (Русија) 67, 56
3. Јангфенг Ли (Кина) 67, 26