(ВИДЕО) Митевски: Општина Куманово е меѓу најтранспарентните општини во државава

Од:

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска пред медиумите го промовираше делот од програмата посветен на транспаретното и отчетно работење на општината и вистински квалитетен сервис за граѓаните. Општина Куманово веќе е препознаена по висока транспарентност и отчетност. Во изминатите осум години ја зголемивме транспарентноста повеќе од двојно, и со резултат од 97.1% денес се наоѓаме меѓу најтранспарентните општини во државата, изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ – Дарко Митевски.

Општината, рече тој, ќе продолжи да вложува во јакнење на административните капацитети и приближување до граѓаните. Куманово ќе остане пример за правилно управување со јавните ресурси, за чесно, посветено, отчетно и транспарентно работење.

Во програмата на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија предвидуваме серија проекти, активности, и заложби:

• Континуирана оптимизација на општинските сектори и одделенија во насока на подобар, поквалитетен и побрз сервис за граѓаните.
• Зајакнување на капацитетите на сите јавни претпријатија со фокус на доопремување со опрема и механизација, зголемување на кадровскиот капацитет, воведување на нови технологии и програми за обуки и доусовршување.
• Зајакнување на капацитетите на ТППЕ Куманово, со опрема, обуки и тренинг за пожарникарите.
• Дигитализација на најкористените општински услуги и нивно интегрирање на националниот портал за услуги.
• Електронски документ менаџмент систем за локалната самоуправа и јавните претпријатија.
• Воспоставување инфо-центар и инфо-линија во рамките на Општината, каде што граѓаните на едно место ќе можат да добиваат информации и услуги од административните службеници.
• Изработка на нова инклузивна веб-страница на Општината, приспособена за лица со попреченост, со јасен пристап до сите информации од јавен интерес.
• Развивање на нова мобилна и веб-апликација преку која граѓаните ќе имаат можност лесно да пријават проблеми, предлози и барања.
• Организирање на младински форуми и панел дискусии, каде младите ќе имаат можност активно да ги претстават своите идеи, ставови и иницијативи.
• Воспоставување нов систем за информирање во руралните средини преку поставување огласни табли и јавно достапни известувања.
• Одржување на јавни средби и форуми за граѓаните, за подобра интеракција и двонасочна комуникација.
• Навремено и редовно информирање на јавноста преку соопштенија и брифинзи со медиумите за сите значајни активности и одлуки на локално ниво.
• Издавање на дигитален општински весник, со информации за проектите, активностите и сите актуелни настани во општината.

Затоа, потенцира Митевски со полна одговорност може да се каже – Куманово денес е симбол на одговорно, отчетно и транспарентно управување, a Општина ги слуша граѓаните, ги почитува нивните потреби и ги вградува нивните идеи во секој проект.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Катни гаражи, зелени површини и реорганизација на јавното комунално претпријатие во Тетово

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски му одговори на лидерот на опозицијата Венко Филипче

Промоција на програмата за култура, уметност и традиција на Движењето ЗНАМ за Куманово

ЗНАМ – прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

(ВИДЕО) Липковски: Безбеден сообраќај е одговорност на сите, силен фокус на создавање на максимални услови

(ВИДЕО) Каревска: Куманово е посветено на децата и се бори за нивната среќна иднина