ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Од:

Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на СДС и ДУИ, говори фактот што за 2 години, добиле 200 милиони евра од државата. ВМРО-ДПМНЕ многу пати говореше за сомнежи во работата на Владата на СДС и ДУИ, во однос на компанијата Марковски, но надлежните институции, спиеја на тоа уво. Полека но сигурно, правдата и одговорноста доаѓа. Никој нема да биде заштитен, без разлика на неговата партиска, политичка, верска или етничка припадност, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски