Последниот ден од пливачките натпревари мина во знакот на Мајкл Фелпс и неговиот 18 златен медал (вкупно 22) со кој ја заврши кариерата и стана најдобар Олимпиец на сите времиња.
Исто така беа постигнати нови два светски рекорда или вкупно осум во Лондон (три во машка и пет во женска конкуренција), по што беше спуштена завесата во „Акватик“ центарот на Олимписките игри.
Последните златни медали ги освоија двете американски штафети 4х100 метри мешано дамите постигнаа светски рекорд), Холанѓанката Раноми Кромовиџојо и Кинезот Сун Јанг, кој оствари и светски рекорд на 1500 метри слободно.