Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Од:

Вчера во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „рено“ управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.

„Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он