(ВИДЕО) Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Од:

Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Сериозни проблеми со наплатата на повратот на ДДВ, огромен долг на државата и општините, близу 700 милиони евра, од кои близу стотина милиони се за поврат на ДДВ, тоа е реалната слика на економијата денес, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска по работниот состанок со Комората на Северозападна Македонија.

Филипче посочи дека ова е само еден од показателите за лошите економски политики на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

„Сметам дека тоа е само еден од показателите за лошите економски политики кои ги води оваа влада. Сугерираме, предлагаме, тие едноставно немаат слух да излезат во пресрет на вистинските потреби на граѓаните и на компаниите,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата.

„Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – тогаш забегува кон вакви некакви лаги,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека владата се соочува со сериозна економска стагнација и дека тоа го потврдуваат и меѓународните институции.

„Нема раст, има пад на просечната плата, скок на цените на основните производи, затворање компании и луѓе кои секојдневно остануваат без работа. Наместо да се занимава со овие проблеми, премиерот измислува афери и скандали,“ рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека државата оди кон економски колапс и дека е време владата да преземе одговорност.

„Време е оваа влада да сфати дека или треба да ја води државата како што треба – или да си оди. Граѓаните не заслужуваат незаинтересирана власт без резултати и без работа,“ порача Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот