Стојкоски: Продолжуваме со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите

Од:

Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во образованието и подобрување на условите за најмладите. Потпишан е договорот за доградба на подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, со што започнува реализацијата на уште еден значаен проект, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со проектот е предвидена изградба на осум нови училници со вкупна површина од 560 м², со енергетски ефикасна фасада и систем за централно греење, што ќе овозможи современи, безбедни и функционални услови за работа. Новите простории ќе овозможат едносменско одвивање на наставата, што значи повеќе простор, подобра организација и поквалитетен наставен процес за учениците и наставниците. Во рамките на училиштето, веќе е целосно завршена изградбата на новата спортска сала, со што се заокружува современ училиштен комплекс кој ги обединува образованието и спортот во едно. Со завршената спортска сала и доградбата што следи, создадовме услови какви што навистина заслужуваат нашите ученици. Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во образованието и иднината на Ѓорче Петров – изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Со овие вложувања, Општина Ѓорче Петров уште еднаш го потврдува својот фокус на создавање современи и безбедни услови за учениците, затоа што иднината на општината започнува во училницата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојкоски: Ќе изградиме катна гаража во Ѓорче Петров

Стојкоски: Едносменска настава за сите ученици во Ѓорче Петров

(ВИДЕО) Стојкоски: Ѓорче Петров добива пет нови детски градинки

Стојкоски: Ги исплативме наследените четири милиони евра долгови

Левица најави кривична пројава за градоначалникот на Ѓорче Петров

СДСМ: Стојкоски се жали дека Општина Ѓорче Петров нема пари, а троши 6.000 евра за чоколади и сокови