Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растеретуваме сообраќајот во населбата

Од:

Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со идните советници поделени во тимови, синоќа беа на терен „од врата до врата“ во Дебар маало и околу Градскиот парк. Тие посетија повеќе од 200 домаќинства каде што разговараа за сработеното во изминатите четири години, но и за проектите што се предвидени да се реализираат во новиот мандат.

Герасимовски, потенцираше дека во изминатиот мандат Општината покажала дека може да функционира чесно, отчетно и транспарентно.

„Инвестиравме во градинки, училишта, паркови, улици и јавни услуги што се од голема важност за нашето секојдневие. Граѓаните беа вклучени во процесите на одлучување и заедно креиравме политики за подобар живот. Доделивме многу стипендии и субвенции, организиравме многу културни и забавни настани, средби со граѓани, отворени денови, форумски сесии со што Општина Центар ја изградивме во пример на отворена локална власт која работи за доброто и во интерес единствено на своите граѓани“, рече Герасимовски.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија одлуката на Герасимовски за ограничувањето на движењето на возилата на Дебар Маало со што ќе се растерети сообраќајот во оваа населба.

„Еден од главните проекти е иницијативата за ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало. Со овој проект предвидено е затворање на сообраќајот за викендите, почнувајќи од петок во 18:00 часот, па сѐ до понеделник во 06:00 часот. Во тој период, поставуваме рампи на четири клучни локации, со што значително го намалуваме метежот и бучавата, а ќе се овозможи и повеќе простор за пешаците, велосипедистите и за жителите да уживаат во мирна и безбедна средина“, изјави Герасимовски.

Тој потенцира дека влез ќе биде дозволен исклучиво за граѓаните кои живеат во Дебар Маало и ќе поседуваат специјални дозволи издадени од Општината.

За останатите возила ќе постои можност за кратко задржување до 15 минути, со цел да се овозможи достава или извршување неопходни обврски, но со строго регулирани правила.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски