Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

Од:

„Иако секој ден се бориме со диви депонии, загаден воздух, урната инфраструктура и дивоградби, не можеме да си дозволиме да молчиме пред еден од најголемите геноциди што се случуваат во нашево време – геноцидот врз палестинскиот народ”, изјави Јована Мојсоска, актуелен пратеник и кандидат за градоначалник на Струга при денешното гостување на ТВ Сител, каде што покрај на локалните теми, се осврна и на меѓународната ситуација и молкот на македонските институции за страдањата во Газа.

„Денес е 7 октомври. Точно пред една година пратеничката група на Левица поднесе Декларација за признавање на државата Палестина. И што направи Собранието во Македонија? Ништо. Срамно молчи! Додека Собранието на Р. Македонија срамно молчи, европски држави се одважија, конечно, да се признае палестинската држава. Не се согласувам дека човек треба да го гледа само својот двор, не се согласувам дека ние сме премала држава за да имаме став против геноцидот на еден ционистички режим”, појасни таа.

Мојсоска потсети дека македонскиот народ низ историјата секогаш бил на страната на угнетените:
„Македонскиот народ, исто така, со многу жртви се изборил за својата самобитност и слобода, иако бил газен од разни окупаторски и агресорски чизми. Македонскиот народ го носи својот слободарски дух, македонскиот народ историски се солидаризирал со угнетените народи и македонскиот народ знаел да покаже на чија страна е на историјата – на страната на опресираните, не на страната на опресорот!”

Мојсоска испрати и силна порака на солидарност: „From the river to the sea, Palestine will be free.“

Освен надворешно-политичките ставови, кандидатот за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, при гостувањето зборуваше и за конкретните проблеми во Струга и ги нагласи своите приоритети за чиста Струга, урбанизирана Струга, обновена Струга.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со снимки потсетува на нападот на Хамас и почетокот на војната во Газа пред две години

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мојсоска: Црна кампања против Левица докажува дека власта се плаши од нашиот раст

Ако одбие да ја предаде контролата врз Газа, Хамас ќе биде целосно уништен, се закани Трамп

Катерина Ѓуровски

Мојсоска од Струга: Оние кои го амнестираа ДУИ сега шират манипулации за коалиција на Левица со ДУИ

Катерина Ѓуровски

Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа

ВИДЕО: Хамас да ги предаде сите заложници, примирјето да почне веднаш, Израел не престанува со безмислосното бомбардирање