Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот

Од:

Приватните автобуски превозници во Скопје од денеска ќе сообраќаат по редовен возен ред. Сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски, потврди дека ЈСП Скопје вчера попладне им уплатило по 6 милиони денари на трите компании.

– Добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари и по кординацијата со превозниците се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски.

Тој потсети дека автобусите имаат потерба од редовно сервисирање како и секојдневна употреба од гориво за да возат и ннгласи дека поради овие трошоци мора редовно да им се уплаќаат средства за да нема прекин, а граѓаните да не чекаат по автоубските станици.

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари. Тие денеска возеа редузирано од 5 до 10 часот, а од утре се враќаат по редовен возен ред.

Би можело да ве интересира

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

Поради неисплатен долг од ЈСП, приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само до 10 часот

ЈСП има нафта уште за денеска

Ќе се набават на 120 еколошки автобус, 80 ќе се за ЈСП „Скопје“

Автобус на ЈСП удри старец, состојбата му е критична

ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот