Герасимовски: Итно копче 24/7, бесплатни стоматолошки прегледи и домашна нега за пензионерите

Од:

Кандидатот за втор градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети пензионерот Благоја Јошевски, корисник на услугата „Итно копче“.

Јошевски, кој живее сам, истакна дека токму оваа услуга му дава сигурност и мир, бидејќи секогаш може да побара помош со едно притискање на копче. Оваа бесплатна услуга, реализирана во соработка со Црвениот крст, во Центар ја користат 23 лица над 65 години, кои живеат сами или се со нарушено здравје.

„Итно копче се користи во кризни ситуации и може да спаси живот. Со едно притискање се алармираат службите за брза реакција и итна медицинска помош,“ рече Герасимовски.

Центар, освен „Итно копче“, реализира и други проекти и услуги за повозрасните граѓани, меѓу кои „Сервис за стари лица“, бесплатни стоматолошки прегледи, еднократна парична помош и други.

Герасимовски, во програмата, најави изградба на дом за стари лица, двојно зголемување на паричната помош за пензионерите, една бесплатна екскурзија годишно, редовни кардиолошки, пулмолошки и стоматолошки прегледи, како и обуки за дигитална писменост.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО