Филипче од Делчево: Оваа власт е далеку од народот и неговите потреби, арогантна и изгубена

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва одржа трибина во Делчево од каде порача дека оваа влада е лицемерна и нема проекти за фалење. „Нејзината безидејност е покриена со нереални проекти и ветувања на граѓаните пред избори, лагите и ПР манипулациите испливаа на површина“, рече Филипче.

„Сега следуваат изговори и оправдување за катастрофално лошиот перформанс, и на централно и на локално ниво. Но нема бегање од вистината, а таа е дека оваа влада нема резултати, не планира да ги исполни ветувањата кон граѓаните и не планира да работи за граѓаните. Оваа власт е далеку од народот. Арогантна и изгубена во своите кабинети, додека семејствата бројат денови до следната плата и ги кратат основните трошоци. Тие живеат во ПР, со нарачани анкети, а ние живееме во реалност. Реалност е дека додека народот чека повисоки плати, тие се расфрлаат со наши пари. Јадат манго и папаја, купуваат вина по институции, летаат со приватни авиони, додека платите мируваат и инфлацијата ја јаде секоја заработена пара“, рече Филипче.

„Ова не е време за апатија и повлекување“, порача тој. „Туку ова е време кога граѓаните мора да донесат одлука. Дали да останат пасивни и да гледаат како она што со децении сме го граделе полека се распаѓа, или да застанат и го заштитат најважното, иднината на семејства, достоинството на држава и гласот на секој граѓанин.“

„Затоа е потребно обединување за силен СДСМ. Силен СДСМ е единствената надеж дека Македонија ќе биде правична, човечна и демократска држава со јасна перспектива. Затоа да извлечеме поука од минатото и да се здружиме околу борбата е за вредности, за нашите идеали, за да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните. Се бориме за чесност, за отчет и за работа што се гледа“, рече Филипче во Делчево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија со ВМРО единствено забрзува кон пропаст

А1он

Филипче: Дали Сиљановска-Давкова сака да се приклучи на Фронтот за вистина и правда?

А1он

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв