Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчера на отворањето на промотивниот штаб во Капиштец изјави дека Центар е првата општина во држава што има формирано трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија.
„Први во Македонија, формиравме јавно претпријатие за енергија, и поставивме фотоволтаични системи на кровот во најдоброто училиште во државата, Киро Глигоров. Поставени се фотоволтаични панели на градинката „Пепелашка“, како и пред две недели беа поставени и во училиштето „Св. Кирил и Методиј“. Не чека уште работа за граѓаните, и ние тоа го знаеме, точно знаеме што треба да се направи, затоа што тоа го случавме од нашите сограѓани“, рече Герасимовски.
Тој, посочи дека во следниот мандат се поставуваат бројни, јавни и специјални мерачи на бучава на многу места низ Центар, особено во населбата Капиштец.
Герасимовски, истакна дека за четири години инвестирани се над 13 милиони евра во Центар.
„За 4 години инвестиравме над 13 милиони евра во Центар. Парите на граѓаните ги дадовме за граѓаните. За најдобрата градинка во Македонија, за најдобрите училишта во Скопје, за реконструкција на улици, за ранци, прибор и стипендии на учениците, за опрема за хигиена и за најдобрите хигиеничари во Градот, за македонските и центарските легенди и култура, за спортот. Затоа и сработуваме за нова градинка, за бесплатен оброк за децата, за бесплатна екскурзија за учениците, за нови улици и зеленило, за нова опрема за хигиена, и за многу други работи. Сето тоа стои во мојата втора Програма, зад која одговорно, чесно и до крај стојам“, потенцираше Герасимовски.