Герасимовски: За две години засадивме 2.000 високо стеблести садници зеленило

Од:

Синоќа во Капиштец беше отворен промотивниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски. Настанот привлече голем број граѓани кои му дадоа силна поддршка за нов мандат, препознавајќи ги резултатите од неговата досегашна работа и визијата за иднината на Центар.

Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години заедно со неговиот тим покажале дека Центар може да биде современа, транспарентна и европска општина.

„Ги реализиравме ветувањата и донесовме вистински промени. Ја изградивме најубавата градинка „Пролет“ во државата, која е синоним за модерна и скандинавска градинка. Ги реконструиравме сите училишта, ги реконструиравме фискултурните сали и обезбедивме униформи за учениците. Поставивме ново СМАРТ осветлување и засадивме околу 2000 нови високо стеблести садници зеленило. Работев за сите граѓани поеднакво, без разлика на различностите. Имаме план со конкретни проекти кои започнуваат по победата“, рече Герасимовски.

Тој, информираше дека целосно партерно и хортикултурно е уреден паркот од Зебра до Беверли, реконструирани се двете детски игралишта и двете спортски игралишта.

„Целосно ја реконструиравме улицата Козара, и улиците Шарски Одред, Елисие Поповски, Антон Панов и Адам Мицкијевиќ. На многу места поставивме нова урбана опрема, зеленило и лед осветлување. На дел од нашите комшии на Козара и Народен Фронт дадовме субвенции за нови лифтови и нова кровна конструкција Видливо, како и во цел Центар, се грижиме за хигиената, единствени во градот, кога цело Скопје се распаѓа во ѓубре и смет. Први во Македонија, формиравме јавно претпријатие за енергија, и поставивме фотоволтаични системи на кровот во најдоброто училиште во државата, Киро Глигоров“, посочи Герасимовски.

Тој најави дека Центар добива нов современ административно-граѓански објект каде што граѓаните ќе имаат свое место. Тој најави и центарска картичка со која жителите на Центар ќе можат да искористат бројни попусти.

„За пензионерите градиме нов дом за стари лица, а за најмалите градиме нова градинка која ќе биде во близина на Клиничкиот центар. Еден од приоритетите покрај подобрување на условите во училиштата е да направиме два нови покриени базени во две училишта за спорт и рекреација. Поставуваме две монтажни катни гаражи со 900 нови паркинг места. Продолжуваме уште посилно, со конкретни и остварливи проекти кои ќе ја унапредат нашата заедница. Центар ќе биде уште позелен, похуман и поуреден. За Центар што го сакаме“, порача Герасимовски.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена

СДСМ: Мицкоски и неговите соработници се заплеткани во бугарски бизнис интереси

(ВИДЕО) Ристески: Доста беа лаги и празни ветувања – време е за промени во Аеродром

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да раководи со Аеродром, општина која треба да биде средена, урбана и пристојна

Горан Наумовски