Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента

Од:

Oд пет часот има одрон на патот село Живалево – село Туралево и поради тоа сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Од 3:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила кон превојот Стража.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Одрон на автопатот Скопје – Велес

А1он

ЦУК: Поплави во Кичево, одрони на патот Гостивар – Стража

А1он

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Се чистат одрони на патот Делчево – М.Каменица