После изборите 18 лекари и здравствен персонал ќе ги добијат решенијата за вработување во штипската болница

Од:

Во завршна фаза е огласот за вработување на 18 лица во Клиничка болница- Штип, одлуката е донесена, но се чека завршување на Локалните избори. Директорот на Клиничка болница- Штип, Влатко Захариев денеска изјави дека во процедура е уште еден оглас со кој би требало да се вработат нови 25 лица. Со овој оглас акцентот се става на техничкиот персонал кој недостасува во болницата.

-Актуелно што е – огласот што беше со 18 вработувања, процедурата е во завршен чин, но поради изборите, од ДКСК немаме услови за потпишување решение. Периодот на интервју, на одлука е донесен, периодот на жалби е поминат се чека само завршување на периодот на изборите. Исто така треба да напоменам дека во процедура ни е во Министерство за финансии за 25 други вработувања. Овде ќе биде повеќе помошен персонал, акцентот ќе биде на болничари, чистачки, технички персонал и медицински сестри, изјави Захариев.

Тој најави дека дополнително до крајот на оваа година треба да се распише и трет оглас за вработување со што би се намалил недостатокот на вработени. Оптимистички смета дека почетокот на наредната 2026 година ќе започне со подобра кондиција, кога е во прашање бројот на вработени во болницата.

-Се надевам дека до Нова Година ќе има уште еден оглас. Недостаток на персонал има на сите одделенија. Но, јас се надевам дека со реализацијата на овие огласи 2026 година ќе ја почнеме со подобра кондиција, вели Захариев.

Проблемот со недостаток на персонал во болницата се провлекува со години, дел од лекарите заминуваат во приватното здравство, а се чека подолг период за вработување на нови лица. Со последните активности се прават напори да се зголеми бројот на вработени, како лекари така и технички персонал со цел да се подобрат условите за пациентите.

Би можело да ве интересира

Се апсат лица кои незаконски делеле пензии и финансиска помош за туѓа нега

60-годишен болничар од Штип допирал малолетничка од Радовиш

Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни

А1он

Со Водичите, поставаме пат по кој полесно ќе се движат идните генерации лекари

Горан Наумовски

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Се степаа двајца лекари во операциона сала во штипската болница

А1он